Македонија Новости Став Топ Вести

Муцунски на Бледскиот стратешки форум 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе ја посети Република Словенија, каде што ќе земе учество на Бледскиот стратешки форум.

Во текот на форумот, Муцунски ќе има обраќање на панел-дискусијата на тема: „Нема регион за младите – време е за промени“, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Форумот ќе ги собере министрите за надворешни работи и младите стручњаци од регионот, обезбедувајќи посебна прилика за справување со предизвиците и испитување на реалните потреби за значајна преобразба.

Освен учеството во официјалната програма, Муцунски ќе биде присутен и на работен доручек со министрите за надворешни работи од регионот, каде што ќе се направи анализа на тековните состојби и проблеми на Западен Балкан.

На маргините на форумот, планирани се и повеќе билатерални средби со министри и претставници на меѓународни организации.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *