Македонија Новости Став Топ Вести

Тошковски: За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, за Кочани досега две со 34 опфатени лица

За трагедиите во Модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи Ласкарци и на Беса Транс во Бугарија МВР не поднело ниту една кривична пријава, додека за пожарот во Кочани се поднесени две кривични пријави за 34 лица од кои 31 лице се во притвор – членови на СДСМ, на ВМРО ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија. За овие лица се обезбедени докази за основи на сомнение, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на седницата за опозициски прашања.   

Тошковски, кој одговараше на прашања поврзани со пожарот во Кочани, рече дека истрагата е во тек, и оти допрва ќе се знае колку лица ќе бидат опфатени од процесните дејствија од обвинителството и МВР. 

Пратениците Миле Талевски од СДСМ и Блерим Беџети од ДУИ поставија неколку прашања поврзани со истрагата за пожарот во Кочани обвинувајќи за селективност, меѓу другото и одговорните во ОВР Кочани и СВР Штип кои вечерта биле на работа не се опфатени со истрагата. Тие исто така го повикаа Тошковски да поднесе оставка од морални причини. 

Во одговорот до Талевски од СДСМ, Тошковски кажа дека му било срам да го слуша бидејќи бесрамно ја манипулира македонската јавност со факти кои се лага, со закони кои не постојат и членови кои се однесуваат на друга фактичка состојба се со цел на гневот и на бесот на македонските граѓаните политички да профитираат.  

Јас ќе говорам врз основа на факти врз основа на истрагата без да манипулирам никого особено не македонската јавноста. Факт број еден – знаете колку кривични пријави поднесе МВР и против колку луѓе за трагичната несреќа во Тетово за Модуларната болница – 0, знаете против колку луѓе поднесоа кривични пријави – против 0, знаете колку кривични пријави се поднесени за трагичната несреќа во која загинаа 45 луѓе во Бугарија во ваше време – 0, знаете колку кривични пријави има за Ласкарци 0. МВР во овој предмет (Кочани) досега процесуираше две кривични пријави против 34 физички лица од кои 31 во моментов се во притвор каде што има членови на СДСМ, на ВМРО- ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија заради тоа што Министерството и во соработка со ЈОРМ односно спровело наредба каква што дало ЈО туку  заради тоа што досега до овој момент се обезбедени докази за степен на основи на сомнение врз основа на коишто може да се процесуира кривична пријава. 34 физички лица, три правни лица досега, рече Тошковски.  

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *