Македонија Новости Став Топ Вести

Муртезани: Секое решение кое ќе го обезбеди пристапувањето на земјата во ЕУ ќе биде прифатливо


 Нашето инсистирање не е на конкретно решение, туку на дебилатеризација на понатамошниот процес на пристапување во ЕУ. Секое решение коешто ние ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување на земјата во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо, вели министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани.

-Дека преговарачката рамка не може да се смени, тоа сме го знаеле и порано. Истото неколкупати е повторено на сите високи средби во Брисел и пошироко. Нашето инсистирање не е на конкретно решение, туку на дебилатеризација на понтамошниот процес на пристапување во ЕУ. Секое решение коешто ние ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување на земјата во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо. Тие решенија што значат точно, кои се техникалиите, формулациите итн. тоа останува да се решава низ процес на преговори. Меѓутоа нашата позиција е да се заштитиме од понатамошни блокади, кажа Муртезани прашан која е тактиката или планот на Владата по пораките од Брисел дека уставни измени со одложено дејство се незамисливо сценарио исто како и промената на преговарачката рамка за земјава.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *