Путин: Руското признавање на границите на Украина е можно само откако таа ќе избере неутралност
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на пленарната седница на mеѓународниот клуб за дискусија „Валдеј“ во Сочи изјави дека руското признавање на украинските граници е можно дури откако таа земја ќе избере неутралност, во спротивно таа секогаш ќе биде инструмент во рацете на трети земји.
Како пример, Путин го наведе нападот на украинските вооружени сили врз областа Курск.
Според претседателот на Русија, оваа одлука е донесена од политички, а не од воени причини. Во исто време, украинските војници таму изгубија над 30.000 луѓе за три месеци, што е повеќе отколку во текот на целата минатата година.
Путин потсети дека Русија секогаш ги признавала границите на оваа постсоветска република, како дел од договорот по распадот на СССР, земајќи го предвид фактот дека Украина одржувала неутрален статус, но потоа сакала да влезе во НАТО.
„Би сакал да ви го свртам вниманието на фактот дека во декларацијата за независност на Украина, Русија ја поддржа. Таму стои дека Украина е неутрална земја и врз основа на тоа ги признавме границите“, рече Путин.
Според него, Новоросија и Донбас и се обратиле на Русија за помош и таа им помогнала. Состанокот на меѓународниот клуб за дискусија „Валдаи“, кој го сочинуваат водечки странски и руски експерти од областа на политичките науки, економијата, историјата и меѓународните односи, се одржува од 4 до 7 ноември во Сочи, пренесува Танјуг.






