Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Советот за македонски јазик со јавен повик до Кастриот Реџепи да се усвои Предлог законот за употреба на македонски јазик

Совет за македонски јазик во Владата упати Јавен повик до претседателот на собраниската Комисија за култура, Кастриот Реџепи со барање веднаш да се свика Комисијата за култура.

-Господинот Кастриот Реџепи веднаш без одложување да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик. Секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество. Јазиците се средство за комуникација, но и културно наследство и идентитетско обележје, а македонскиот јазик е прв официјален јазик на нашата држава. Неговата заштита, промоција и употреба е приоритет кој мора да биде обезбеден и испочитуван- стои во Јавниот повик.

Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е изготвен и усогласен со Советот за македонски јазик, одржани се повеќе јавни расправи и се усогласени различните дополнувања дојдени од пратениците и од други места, а во негова изработка учествуваше и пошироката стручна и културна јавност.

-Сакаме да одбележиме дека постапката за носењето на новиот закон е поддржано од сите пратенички групи кои изразија подготвеност и амандмански да учествуваат во неговата финализација-стои во Повикот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *