Новости Свет Став Топ Вести

Трамп прогласи победа, честитки од светските лидери

Трамп вети „златно доба“ за САД, а неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс рече дека по „историското политичко враќање“ ќе следува и „историски економски камбек“. На адреса на Трамп веќе пристигнаа честити од челниците во ЕУ и НАТО, а честитаа и македонскиот премиер Мицкоски и лидерите од регионот.

Поранешниот претседател Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, откако проекциите покажаа дека тој победи во неколку сојузни држави кои се сметаа за одлучувачки за исходот од изборите.

Од 270 електроски гласови во Изборниот колеџ, колку што му се потребни за стане 47-претседател на САД, според проекциите, Трамп веќе има 277.

Според американскиот систем, граѓаните не одлучуваат директно кој ќе стане претседател, туку тоа го прави изборниот колеџ со 538 членови, во кој секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот. Трамп веќе го има потребното мнозинство.


„Со секој здив ќе се борам за вас, за вашите семејства, за иднината. Нема да мирувам додека не испорачаме силната, безбедна и просперитетна Америка каква што заслужуваат нашите деца и која ја заслужуваат вие“, им рече тој во обраќањето во раните утрински часови на 6 ноември пред поддржувачи собрани во Палм бич, Флорида.

Неговата ривалка Камала Харис, како што соопштија од нејзиниот штаб, ќе се обрати наредниот ден.

Дополнителен удар за демократите е и тоа што Републиканската партија ја презеде контролата врз Сенатот, еден од двата дома на американскиот Конгрес.

Трамп во говорот рече дека веројатно ќе ја задржат контрола и врз Претставничкиот дом.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *