Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Ќе го вратиме сјајот на Музејот на Северна Македонија, вели Љутков


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, го посети Музејот на Република Македонија и оствари средба со в. д. директорот на Музејот Борче Топуковски, информираше дека е изработен проект за темелна реконструкција на оваа установа. Како што посочи, во тек е постапката за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот, а за темелна реконструкција на другиот дел од објектот ќе следува тендер во следниот период.

Љутков потсети дека последната интервенција на овој музејски комплекс е направена во 2010 година.

-Ќе се залагаме да го вратиме сјајот на ова музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот во овој момент, за што имаме обезбедено и средства. За темелна реконструкција на другиот дел од објектот, во следниот период ќе следува тендер со повеќе годишна јавна набавка, рече министерот.

Тој се надева дека во многу краток период ќе ја добијат дозволата и до крајот на годината веќе ќе биде завршена реконструкцијата на кровот. Посочи оти е убеден дека со реализација на сите фази од проектот конечно ќе добиеме музејска институција по сите стандарди која што е чувар на нашето културно наследство.

-Музејот на Македонија е најстар и најголем во Македонија, кој што го собира, го чува, го проучува и го презентира нашето културно наследство. Музејот е навистина во многу лоша очајна состојба, а тоа покажува низ годините наназад каков третман имаме кон културното наследство и дека иако многу се ветувало во последните години, всушност ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот Музеј во Македонија, додаде Љутков.

Како што потенцираше, галеријата на икони која што е заштитена како посебно значење од прва категорија, после земјотресот во 2016 година кога имало проблеми со кровот и со протекување, морала да биде преместана и ставена во депоата и да се чува во несоодветни услови.

-Има проблеми за вработените кои мора да интервенираат во многу ситуации, а кога зборуваме веќе и за вработените, морам да кажам дека во последните три години имало 30 заминувања во пензија, а всушност е вработено само едно лице. Тоа покажува каков е односот кон нашата култура, традиција, кон нашето културно наследство и односот кон институциите, додаде Љутков.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *