Национален собир на Марин Ле Пен победи на парламентарните избори во Франција
Марин Ле Пен која стои до лидерот Џордан Бардела/EPA/EFE
Десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг од француските парламентарни избори, покажуваат излезните анкети.
Национален собир освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.
Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.
Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.