Македонија Новости Став Топ Вести

КОВАЧЕВСКИ ПО ПОТОПОТ ВО ПРВИОТ КРУГ: ТЕЖОК УДАР НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ

Задоволен сум што гласањето помина во мирна и демократска атмосфера, достоинствено и без нарушување на демократскиот процес, како што доликува на држава која што се стреми да стане дел од ЕУ во наредните години, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од штабот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

– Се надевавме на подобри резултати, јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас. Ние никогаш нема да се откажиме од европската иднина на Македонија. Имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, до секое село, до секоја куќа, до секој човек, до секој граѓанин дека единствениот начин за вистинска, суштинска промена е европската интеграција на земјата – додаде Ковачевски.

Тој порача дека за изборни резултати одговорноста ја сноси лидерот, но рече дека има уште две недели во кои е ги убедуваат граѓаните дека тие се вистинската опција, а потоа ќе седнат со органите на партијата и ќе одлучат што понатаму. 

Смета дека може и нема да мора да одлучуваат и дека граѓаните ќе ја изберат нивната опција за европската перспектива на Македонија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *