На Македонија и треба претседател пред се со интегритет, со став, со карактер и со принципи, со кои ги штити националните, државните интереси и пред се граѓаните, бидејќи оваа држава во своето минато ретко кога можело да забележи дека еден претседател се одважил да каже „не“ на политичкиот субјект што го предложил или на политичкото мнозинство. Претседателот треба да биде олицетворение на секој граѓанин.
Ова го нагласи претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, вечерва во Топ Тема на Телма телевизија и ги повика граѓаните на 24-ти масовно да да излезат на избори.
– Изборот е ваш. Токму вие сте тие кои ќе ја одлучите судбината на Македонија, Сметам дека со масовниот одѕив првенствено ќе кажете не на политичката елита која што 30 години манипулира со сите нас во државата. И дополнително ќе внесете една нова свежина на политичкиот простор која ќе отпочне секојдневно посветено да работи на решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, им се обрати Димитриевски на граѓаните.