Македонија Новости Став Топ Вести

Османи ќе бара влада на национален спас


Влада на национален спас, е најновата идеја на ДУИ во пресрет на изборите. Доколку победи, нивниот претседателски кандидат Бујар Османи најавува дека ќе ги свика партиските лидери на средба по која сите би влегле во заедничка влада со цел да се спроведат уставните измени.

Албанската опозиција идејата ја отфрли веднаш. Дилемата е дали тоа ќе биде национална, широка, влада за спас на ЕУ интеграцијата или влада за спас на ДУИ? 

Османи вели дека ќе бара национален консензус за ЕУ интеграциите на средба во претседателскиот кабинет која би траела и со денови се додека не се постигне договор. Услов за ДУИ да учествува во некоја политичка влада, пак, по изборите е да се донесат уставните измени.

„Ако на таа средба, што би ја иницирал како претседател и која би траела колку што треба за да си подадеме рака, би излегла опција да може да се истера ЕУ до 2030 година, јас би ја промовирал и таа идеја. Европскиот фронт има неколку црвени линии под кои не може да збори. Едно се договорите – Преспанскиот, Договорот за пријателство и Охридскиот договор, и ветингот со меѓународен борд на сите носители на јавни функции кои ќе се постават на маса за формирање на Влада….“, рече Османи.

Од друга страна, и македонската и албанската опозиција во овие предизборни предлозигледаат намера кај интегративците да се спасат од одговорност и по секоја цена да бидат дел од власта.

„Не им е паметот во уставни промени и евроинтеграции туку на нив им е како да опстојат и да бидат дел од секоја влада за да се спасат од криминалните скандали кои беа секојдневие и да има отчет и одговорност за тоа. Затоа тие не мислат на иднината на граѓаните и државата туку како да се спасат во наредните четири години.

„Наместо да ги лажат гласачите, Бујар Османи, Али Ахмети, Артан Груби да се подготват со ДУИ за одење во опoзиција“, велат од партијата на Мицковски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *