Македонија Новости Став Топ Вести

Крмов: На нашите листи се децата на транзицијата

Листите на Левица се готови, остануваат уште некои формалности и пред крајот на рокот ќе ги поднесеме. Претпоставувам ќе бараат влакно во јајцето па за секоја точка, запирка таму ве враќаат, имате 48 часа да ги коригирате, но некаде пред крајот на рокот ќе ги предадеме, вели Борис Крмов од Левица.

Носителот на ИЕ3, гостуваше во дневникот на Сител, каде потенцираше дека Левица на изборите ќе се претстави со нови лица.

-Левица оди со нови луѓе, коишто ние веќе ги промовиравме на малите екрани пред да дојде таа фамозна забрана, кога го блокиравме законот за медиуми, па од тогаш само вака спорадично се појавуваме во медиумите, тоа се млади луѓе, нерасипани луѓе, луѓе кои што се граделе низ органите на партијата. Тие немаат фамозни презимиња и не припаѓаат на тие фамилијарни кланови. Тоа се децата на транзицијата, тоа се нов вид на политичари, кои што ќе бидат едно големо освежување на политичката сцена, порача тој.

Погледнете го видеото на следниот линк.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *