Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Втор концерт на проектот Македонисимо

По распродадениот прв концерт на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, закажан за 31 март, Камерниот оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп закажа втора концертна изведба.

Втората изведба ќе се одржи на 1 април со почеток во 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија. 

– Со оглед на програмскиот распоред на учесниците и достапноста на големата сцена на Македонската филхармонија, но и на почитта кон веќе потврдените концерти на други македонски музички уметници, вториот концерт ќе се одржи ден порано, на 31 март, стои во соопштението на КултурОп.

Како што информираат од КултурОп, двете концертни вечери ќе го означат стартот на првото издание на „Скопје интернационалниот музички фестивал“ што го организира Камерниот оркестар „АЈГА“. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *