Македонија Новости Став Топ Вести

Андонов: Кандидатурата на Давкова не е во согласност со Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувана колешке, вашиот изборен штаб завчера во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ искажа став дека вие како можен иден претседател на Македонија ќе бидете КОРЕКТИВ на Мицкоски доколку биде премиер.

Јас како ваш колега, а во името на академската чесност, етичност и морал кои треба да го имаме кон македонската јавност и членството на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сте единствен кандидат за Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Ве повикувам да:

1. Од позиција на статутарните одредби од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ја преиспитате вашата кандидатура дали е согласно Статутот.

2.Ја потврдите или оспорите процедурата во која лично учествувате, а според одредбите од Статутот на партијата.

ДА ПОКАЖЕТЕ НА ДЕЛО ДАЛИ СТЕ НАВИСТИНА КОРЕКТИВ НА МИЦКОСКИ И НЕГОВИТЕ ДИКТАТОРСКИ ПОЛИТИКИ.

Почитувана колешке еве шанса да ги покажете Вашите вистински намери и цели во однос на функцијата кон која целите и покажете дека навистина ќе го почитувате Уставот на Републиката и законите, почитувајќи ја партиската изборна процедура утврдена со Статутот на партијата која сакате да Ве поддржи во Вашата кандидатура за претседател на Македонија.

Очекувам колешката Силјановска Давкова како правник и универзитетски професор да преземе конкретни и чесни чекори за да ги оправда јавно прокламираните политики од страна на нејзиниот неофицијален кабинет, односно на дело да покаже КОРЕКТИВНОСТ и да не учествува во грубо прекршување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и од него утврдените процедури, се вели во отвореното обраќање на Др Оливер Андонов до Гордана Силјановска Давкова.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *