Македонија Новости Став Топ Вести

Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“

Обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат


Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ. 

Според судијката Имране Селмани, која денеска ја изрече ослободителната пресуда, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

На денешното рочиште судијката образложи дека во повторената постапка Обвинителството извршило измена на обвинителниот акт со кои обвинетите се гонат за злоупотребата на службената положба и овластување, но по друг став, наместо искористување на службената положба, сега се гонат сега за пречекорување на службената положба.

Ова е втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *