Македонија Новости Став Топ Вести

Ставовите на Мицкоски се конфузни, имам дилеми, вели Таравари


Претседателот на едното од крилата на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека и натаму има дилеми околу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поради конфиузноста во ставовите.

Во разговорот за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 Таравари рече:

„Неговите јавни ставови се конфузни, нејасни во врска со уставните измени. Доколку не се реши за уставните измени, јас зборувам повторно за мене, би влегол во влада само ако се случат. Затоа сѐ уште имам дилеми за наредната влада која би била предводена од Мицкоски. Нашите приоритети од 1 до 10 се јасни, тоа е европскиот пат, почнување на преговори преку уставни измени, сѐ друго е после тоа“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *