Култура Македонија Новости Став Топ Вести

По повод 110 годишнината од раѓањето на Лазар Колишевски промовирано делото “Колишевски и Македонија”

Вчера во Скопје, се одржа настан во организација на Социјалистичката партија на Македонија, а посветен на ликот и делото на Лазар Колишевски.

-Ние во Социјалистичката партија на Македонија продолжуваме со книгоиздателската мисија со најновото печатено издание “Колишевски и Македонија”. Наш долг и обврска кон другарот Лазар Колишевски како историска личност, општественик, но и како кон претседател на Сојузниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија – ССРНЈ. Потсетување преку избор на негови обраќања, трудови, ставови и размислувања посветени на аспектите на македонското национално прашање. Денес исклучително актуелна тема која ја засега пошироката јавност, особено македонскиот народ. Со нескриена македонска исполнетост пишани листови за поттик, охрабрување и патоказ за излез и решавање на сложените и горливи прашања со вистинско национално чувство, достоинство, трпелливост и мудрост. Со особено внимание токму во февруари 2024 година, денес на 110 годишнината од раѓањето на Лазар Колишевски го промовираме нашето издание “Колишевски и Македонија”. Социјалистичката партија на Македонија, како наследник на ССРНМ, го враќа Колишевски во просторот каде што природно и идеолошки припаѓа како составен дел од македонските социјалисти. Социјалистичката партија на Македонија се обраќа со искрен и отворен повик до неговите современици и сите кои веруваат и ги споделуваат нашите програмски определби и кои ја согледуваат потребата за идеолошко пристапување и окрупнување преку националното обединување и градењето единство за заштита на македонската држава и народ, како заеднички и врвен приоритет., стои во соопштението објавено од СПМ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *