Македонија Новости Став Топ Вести

По одбивањето на Таравари, за претседател на државата ќе се кандидира Касами?!


Ако Арбен Таравари остане на ставот дека не е заинтересиран да биде кандидат за претседател на државата, тогаш таа трка, за коалицијата на опозициски партии на Албанците, ќе ја трча Билал Касами.

– Првично беше разговарано да биде Таравари, но не е исклучено, има комбинации и јас да бидам, изјави вечерва во интервју за „360 степени“ лидер на Движењето Беса, Билал Касами.

Касами тврди дека разговорот со Таравари на оваа тема не е завршен.

– Таравари рече дека не е заинтересиран, но ние не разговараме за лични интереси, за лични претензии, туку разговараме за интересот на Албанците за носење промена. Ако заедно цениме дека Таравари ќе биде најдобриот кандидат за претседател, јас целосно верувам дека Таравари ќе биде спремен да ја води оваа трка, уште повеќе што во сите разговори што сме ги имале, сите консултации, Таравари го истакнуваат како сериозен кандидат да оди во втор круг, појаснува Касами.

Од одлуката кој ќе биде претседателски кандидат, според Касами, зависи и кој ќе ја води пратеничката листа на „Европски сојуз за промени“ (ЕСП) во Изборната единица 6.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *