Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, е во дводневна посета на Швајцарија, каде што денеска од Тринген на средба со македонската заедница порача дека на Македонија и треба целосна трансформација.
Тој рече дека после 8 мај и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинаку, а прва задача ќе биде повеќе деца да се крштеваат во Македонија отколку во странство, односно да се вратат луѓето дома.
„Ние како политичари да сториме се што е во наша моќ да овозможиме услови нашата дијаспора да се врати дома, да живее, инвестира и биде задоволна. Сакам следната ваква средба да ја направиме дома во Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ беше исправена пред бројни предизвици. Зборувајќи за претстојните парламентарн и избори Мицкоски рече дека победата мора да биде со консолидиран број 61 пратеници.






