Во знак на поддршка на младите и субвенционирање на млади лица од општината, денеска на сметките на сите матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров” во Крива Паланка префрлени се 3.
000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка. Се работи за новa мерка која општината ја воведува оваа година.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на овој начин им ја честита матурата и рече дека првпат годинава се поддржани матурантите, со еден придонес кон претстојната прослава на нивната матурска вечер.
-Влогот во младите е влог во сигурна перспектива на општината и државата.
Како општина, една од првите во државата, донесовме програма за млади, а од буџетот за 2023 издвоивме средства за директни субвенции на младите преку повеќе мерки, меѓу кои и за матуранти.
Денес на сметките на сите матуранти од нашиот град, од СОУ „Ѓорче Петров”, како честитка за претстојната матурска прослава, префрлени се средствата од предвидените субвенции за нив – по 3.
000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка, мерка воведена првпат од оваа година, рече Митовски.
Овие млади луѓе, порача, се иднината, најголемата вредност на општеството, а иднината зависи од она што го прават денес.