Македонија Новости Став Топ Вести

Данела : СДСМ и ВМРО-ДПМНE oд Џафери направивиja „човек за сите времиња и функции“


Нова Алтернатива иронично им честита на „најголемите македонски“ партии ДПМНЕ и СДСМ за нивниот успех од Талат Џафери да направат човек за сите времиња и за секоја позиција и функција во државата.

„Најпрво ДПМНЕ во 2013 година од Џафери направија министер за одбрана, министер за кој гласаше и Антонио Милошоски кој денеска пак беше најгласен против неговиот избор за технички премиер, иако ДПМНЕ и Мицкоски номинираа за учество во таа иста Влада која Џафери ќе ја предводи и свои министри.

СДСМ од него потоа направија претседател на Собрание, кој ДПМНЕ не го признаваа за потоа да си легнат на брашното нарекувајќи го претседател, кој сега ќе им стане премиер.

Нова Алтернатива е тука да ги потсети граѓаните и да ја истакне дволичноста и лицемерието на корумпираните политички елити во Македонија кои 30 години глумат чувство за идеологија за Македонија, а во исто време си подигруваат и со државата и со македонските национални интереси само за да останат на власт.Нова Алтернатива е тука за да стави крај на овие корумпирани политички елити и да донесе право и правдата на политичката сцена во Македонија“, велат од партијата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *