2
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма ги соопшти имињата на техничките министри и заменици кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, потенцирајќи дека тоа се компетентни и неизвалкани кадри чија задача ќе биде да ја обезбедат волјата на народот.
Пред извесно време добив овластување од ИК и ЦК на партијата да предложам имиња кои ќе бидат дел од оваа техничка влада, и врз основа на тоа на состанок на ИК тој предлог ќе го презентирам, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека технички министер за внатрешни работи ќе биде адвокатот Панче Тошковски, моментално ја води партиската комисија за правни работи, бил член на конгреси, дел министерство за транспорт и врски, моментално работи во адвокатска канцеларија.
Ценам дека со оние други именувања во МВР може да се состави добар тим да се обезбеди изборниот процес да се одвива како што очекуваме ние и граѓаните, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека технички министер за труд и социјала ќе биде Ѓоко Велковски, кој долго време работи во тоа министерство.
Добро ја познава работата и структурата, едно време беше и секретар на Град Скопје, сега е дел од општина Гази Баба. Ценам дека како долгогодишен професионалец може да даде додадена вредност во овие 100 дена да обезбеди да имаме добро водење на министерството и да влијае да биде спречен поткупот кој знаете пред новогодишните празници на големо беше најавуван од страна на владата, рече Мицкоски.





