Македонија Новости Став Топ Вести

Странците го спречија дивеењето на олигарсите во судството: Судскиот совет изгласа запирање на постапката против Беса Адеми

Дамева ги повика членовите на Судскиот совет совесно, одговорно, чесно и достоинствено да ја донесат одлуката имајќи во предвид дека се работи – не за Беса Адеми, туку за претседателка на највисокиот суд во Македонија


Судскиот совет на денешната расправа за утврдување одговорност за претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, реши да се запре постапката. Одлуката беше изгласана со седум гласа за запирање и четири гласа против. Расправата беше тензична, а на одговорност најмногу инсистираше членот  на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска. 

Дури и претходниот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев рече дека Уставот и законот кажуваат кои се обврските на претседателката на Врховниот суд како член на Судскиот совет, но тој ги почитува препораките на Оценската мисија на ЕУ и во принцип е човек што гледа напред и позитивно. Практично тој ги прифати јавно укажувањата на Оценската мисија дека на претседателката на Врховниот суд и на министерот за правда не им е место во ова тело, правејќи ги беспредметни расправите дали отсуствувала оправдано од седниците или не.  

Откако имаше неколкучасовно соочување на аргументите за одговорност или не, при што паднаа и обвинувања дека сите стоеле зад иницијативата да се покрене одговорност за Адеми, а сега некои се кријат зад празни флоскули и убави говори, завршен збор даде претседателката Весна Дамева. Таа го повика членовите  совесно, одговорно, чесно и достоинствено да ја донесат одлуката имајќи во предвид дека се работи, не за Беса Адеми, туку за претседателка на највисокиот суд во Македонија за чија работа има високи оценки и дека е премногу ризично да се расправаат  каква мерка да и изречат. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *