Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието било празно и полно со флоскули наменети претежно за СДСМ каде, како што рече, ќе одлучуваат дали тој ќе биде или нема да биде повторно кандидат за претседател следната година. Милошоски рече дека Пендаровски ја релативизирал позицијата во која била донесена државата.
„Се работи за претседател кој како политичар велеше дека тој што ќе го смени името ќе му ја вадиме душата, па потоа гласаше да се смени името и Уставот ветувајќи дека ќе се отворат европските врати, за денеска повторно да ја релативизира позицијата во која не донесе Владата, а тоа е ќорсокак на преземени обврски кои не можат да ги испорачаат, изјави тој.
Милошоски смета дека денешното обраќање на претседателот Пендаровски во Собрание ќе биде последно.






