Македонија Новости Став Топ Вести

Пендаровски: Се кандидирам – Не се кандидирам !

Според него, поддршката од граѓаните и од политичките субјекти ќе бидат клучни во носење на неговата одлука


Ако ме прашувате денес, шансите да се кандидирам се поголеми отколку да не се кандидирам, рече претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, на прашањето дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори следната година. Според него, поддршката од граѓаните и од политичките субјекти ќе бидат клучни во носење на неговата одлука.

„Во 2014 година зад мојата кандидатура застанаа 18 политички партии, во 2019 застана 31 политички партии. Само со поддршка на политичките партии не е можно да бидете претседател. Потребен е и граѓанскиот дел, што не е врзан со политичките партии, да се реши да ви даде глас, затоа што само со збирот, или акумулацијата на само партиските електорати, не може да станете победник“, изјави претседателот Пендаровски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *