Македонија Новости Топ Вести

ЕУ отвори повик за толкувачи со македонски јазик


Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот за толкувачи со македонски јазик, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Македонскиот јазик во ЕУ. Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик. Краен рок за поднесување онлајн апликациии е 19.01.2024, објави Маричиќ на својата Фејсбук страница.

Тој ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи „да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европската Унија“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *