Владата на вчерашната седница го разгледала и утврдила текстот на Предлог-законот за помилување предложен од Министерството за правда.
Како што соопшти вечерва владината прес-служба, причините за донесување нов Закон за помилување, според предлагачот, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот.
„Заради честите проблеми со коишто се соочува практиката, од аспект на неопходност од итност на постапката, во новиот Закон, како што е образложено од ресорното Министерство, се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување“, се наведува во соопштението.