Македонија Новости Топ Вести

Судијата Енвер Беџети кој го штитеше Сашо Мијалков казнет со 20 отсто од плата

Судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, за кого под притисок на јавноста Судскиот совет отиде во контрола и утврди дека 9 месеци го чувал предметот „Тврдина-Таегет” за да застари, помина само со парична казна.

Судскиот совет по поведена дисциплинска постапка, денеска одлучил да го казни Беџети 20 отсто од платата во наредните 6 месеци.

Додека Беџети беше критикуван дека како судија известител без причина не го изнесувал на седница предметот за масовното незаконско прислушување и се бараше негова одговорност, Судскиот совет ја чуваше неговата постапка во фиока, зашто беше кандидат на огласот за врховен сидија.

Беџети го турна конкурсот, бидејќи затоа што не доби гласови за унапредување, членовите Албанци во Судскиот совет не ги гласаа кандидатите Македонци.

Оттогаш, Судскиот совет не распишува нов оглас за упразнетите места за кривичари во Врховниот суд.

На 11 јануари Судскиот совет констатираше дека нема образложени причини зошто предметот за масовното незаконско прислушување познат како „Тврдина-Таргет“ судијата – известител Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје не го ставал 9 месеци на одлучување. Со тоа се создадени услови овој предмет од многу висок јавен интерес да застари и да се затвори.

Како и другите предмети на СЈО за организиран криминал и корупција, и овој предмет беше фрлен на буниште, вратен назад на повторно судење.

Со своите одлуки Апелациониот суд Скопје се здоби со имиџ спасител на функционери сторители на тежок криминал и висока корупција, како и заштитник на моќни луѓе од бизнисот.

Првиот нивни помагач секако останува Основниот кривичен суд Скопје, каде со месеци не почнуваа овие судења, па кога ќе почнеа, се влечеа со години, враќајќи се по неколку пати отпочеток. А ако се донесеше некако пресуда, остана Апелациониот суд Скопје дежурен на браникот, да ги чува со месеци овие предмети за да застарат, за на крајот да ги врати на повторно судење во Основниот кривичен суд.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *