Култура Македонија Новости Топ Вести

„Вдахновение“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток ќе го одржи својот роденденски концерт со наслов  „Вдахновение“. Оваа институција,  која го афирмира  изведува симфониското музичко творештво преку своите редовните концерти постојано ја развива и ја промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на публика од различни генерации. 

Концертот  ќе го води диригентот Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата  бр. 2 во е-мол, оп. 2 од Сергеј Рахмањинов, наведуваат од Филхармонија.

.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *