Македонија Новости Свет Топ Вести

Шолц: Не треба да постои билатерализација на процесот на интеграција во ЕУ


За односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и ЕУ перспективата на Западен Балкан, меѓу другото, разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц на нивната денешна средба, а двајцата ја истакнаа нивната поддршка за интеграцијата на регионот, јави дописничката на МИА од Атина. 

На новинарско прашање за можната блокада од Грција на патот на Албанија кон ЕУ, германскиот канцелар се осврна на земјите од Западен Балкан, велејќи дека треба да се направи следниот чекор и да следи нивна интеграција во Унијата.

„Во изминатите години ги поддржав овие држави и мислам дека не треба да постои билатерализација на процесот што би ја спречила нивната интеграција и мислам дека можеме на европско ниво да најдеме решенија. Разговаравме за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се надеваме дека овде може да постои успех“, рече Шолц и истакна дека секогаш се на страната на интеграцијата на овие држави, паралелно изразувајќи оптимизам дека ќе се постигне успех. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *