Македонија Новости Топ Вести

Нема кој да ги слушне пораките од ЕУ

На седницата на европскиот Комитет за региони дојдоа 11 делегати од ЕУ. Од македонска страна не дојдоа повеќемина градоначалници, а до крај останаа само двајца


Силни пораки за тоа дека поголемиот дел од имплементацијата на европските акиа отпаѓа на локалните власти, менување на начинот на размислување, препораки за решавање на проблемот со источниот сосед беа изнесени на денешниот состанок на членовите на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на региони, но речиси и да немаше кој да ги слушне. 

Имено, Данела Арсовска беше речиси единствена присутна градоначалничка, а во салата до крај остана и градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, додека градоначалникот на Центар дошол, но си заминал порано поради обврски. Исто така, на состанокот присуствуваше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој го исчита својот говор, но замина поради други обрски, исто како и претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски. 

Членови на овој комитет се 11 општини, но градоначалникот на Охрид денеска има празник – ослободување на градот, градоначалникот на Чаир имал приватни обврски и бил спречен да дојде, а зошто не дошле градоначалниците на Ѓорче Петров,  Арачиново, Бутел и другите, никој немаше објаснување. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *