Македонија Новости Став Топ Вести

Мојсоска: Некоја си Урсула, денес ни порача дека сме имале УНИКАТЕН идентитет и СОПСТВЕН јазик?!

Некоја си Урсула, ете денес ни порача дека сме имале УНИКАТЕН идентитет и СОПСТВЕН јазик?! Се измачила кутрата по секоја цена да избегне да употреби македонски идентитет. Можеби по некоја случајност, оваа бирократка со германско потекло уште има реминисенции од нивната заедничка историја со бугарската држава, па затоа со вакви семантички гимнастики не сака да го навреди својот “пријател” од Втората светска војна.

Нашиот македонски идентитет е уникатен, да, изграден низ бројните жртви и крв пролеана токму против тогашната фашистичка држава, од која треба да се срами Германката Урсула. Урсула сигурно никогаш нема да може да ги разбере и восприеми страдањата на Вера Ацева, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, страдањата на 12-те ваташки младинци..

Но, ваквите бирократи “за една употреба” не се за жалење. За жалење е сета аморфна маса со авто-колонијалистички менталитет, која воскликува и ползи на секоја посета и изјава од истрошени бирократи.

ФБ статус на Јована Мојсоска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *