Поранешниот премиер и екс лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, а сега претседател на ВМРО-НП, преку неговиот Фејсбук профил му упати порака на неговиот некогашен сопартиец, екс премиер и лидер на партијата, Никола Груевски дека се соочува со истите работи кои тој му ги правел нему кога го наследил на лидерската позиција.
-Се што ми направи мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни, пишува на Фејсбук статусот на Георгиевски.






