Култура Македонија Новости Топ Вести

МНТ ѝ оддава почит на актерката Катина Иванова

На 20 септември (среда), во МНТ (на големата сцена), во 12 часот ќе се оддаде почит на Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар.

Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка која ја даваше, се вели во соопштението на МНТ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *