Ахмети им се додворува на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, тврдат од албанската опозиција
„По вчерашното интервју на Али Ахмети каде се мачеше да покаже дека знае македонски јазик, сакаме да го соопштиме следното: Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Здружаната албанска опозиција во која се партиите Алтернатива, Демократско движење и Движењето БЕСА.
„Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, членовите на екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција?“- прашуваат опозиционерите.
Порачуваат „оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори“.