Македонија Новости Топ Вести

Се подалеку од Европа: Холандскиот амбасадор ја дели загриженоста на ЕУ за Кривичниот законик


Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп се приклучи на ставот на Европската комисија за измените во Кривичниот законик и за загриженоста од нивното „забрзано“ усвојување со што се намалуваат максималните законски казни, а тоа ќе има  импликации врз примената на застареноста, како и влијание на голем број случаи на корупција на високо ниво.

– Амбасадата на Холандија многу сериозно ги следи последните случувања во однос на измените на Кривичниот законик и целосно се согласува со изјавата што ја објави ЕУ – вели холандскиот амбасадор Јан Коп во кусата изјава за „Слободен печат“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *