Македонија Новости Топ Вести

Вељаноски : Oпозициски пратеник да биде претседател на Комисијата за европски прашања


Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, во чие време опозициските пратеници беа тепани во пленарната сала и на клоци исфрлани од полицијата од неа, сега има идеја како да се решеле проблемот со Комисјата за европски прашања. На нејзино чело да бил пратеник од опозицијата за да не се случува злоупотреба на европското знаменце.

„Во изминативе шест години во секој извештај на Европската комисија за напредок на Република Македонија стои дека е злоупотребено европското знаменце за да се скрати односно избегне дебатата во Собранието за поважни закони. За надминување на ваквата ситуација со злоупотреба на европското знаменце и бламирање на процесот на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство потребно е под итна постапка и со кратка измена на Деловникот во кое ќе се напише дека Комисија за европски пражања ќе ја води пратеник од опозицијата, на тој начин сите партии ќе учествуваат во усогласувањето со европското законодавство, и нема да се протнуваат решенија кои не се европски.

Во таков случај ниедна влада нема да се осмелува да предлага закони без кореспондентна табела и на шверцерски начин ќе внесува решенија кои се неприфатливи кај граѓаните и нема да се бламира процесот на усогласување на нашето законодавство со европско законодавство.

Крајно време е да се најде начин да се прекине со оваа пракса на злоупотреба на надлежностите на Комисијата за европски прашања. Оттаму, одговорно политичко мнозинство треба да размислува во насока да изнајде начин да ги издигне демократските стандарди во земјата, антиципирајќи ги оправданите критики на јавноста. Еден од тие начини можеби е секогаш кога постојат сомнежи дека ваквата надлежност на ова работно тело се злоупотребува, задолжително да се отвори процес на разговори со опозицијата за да се неутрализираат критиките и да се постигне консензус. Доколку ваков чекор направи актуелното политичко мнозинство во Собранието во однос на актуелната опозиција, веќе утре, кога улогите ќе бидат сменети, овој неформален механизам или пак формалниот механизам кога пратеник од опозицијата ќе ја води Комисијата за европски прашања, ќе биде од голема полза и на таа опозиција“, порачува Вељаноски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *