Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски за Политика: Нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот


Ф

Нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за белградска Политика, обвинувајќи ја нашата дипломатија дека не се изборила за подобри позиции и гаранции дека нема да има нови пречки за македонскиот евроинтегративен пат.

– Која е гаранцијата дека оваа промена на Устав која сега се бара од Македонија ќе биде последна? Дека нема утре да се бара промена на устав во која ќе се редефинира прашања кои се од идентитетски карактер или нема да се бара ново минимизирање и бришење на АСНОМ како темел на македонската државност. Некои сигнали стигнуваат од Бугарија кои веќе отворено го негираат Илинденското востание и неговиот карактер и за ова повторно немаше никаква реакција од страна на Министерството за надворешни работи, наведува Мицкоски.

Одговарајќи на прашањето за пораките од високите функционери на ЕУ, како Жозеп Борел, министрите за надворешни работи на Вишеградската група, пораките од државниот секретар на САД, Блинкен, и другите, дека промената на Уставот е единствениот пат на просперитет на Северна Македонија во рамки на европските перспективи, Мицковски го повтори ставот на ВМРО ДПМНЕ.

-Ако промена на Уставот е услов за ЕУ, тогаш Македонија ќе беше членка и шампион на ЕУ, затоа што во овие триесет години имаме измени на Устав колку сите земји членки заедно. Тоа им го кажуваме јасно и гласно на нашите партнери од меѓународната заедница. Партнерството е двонасочна улица која се базира на почитување. Институционалните гаранции од страна на ЕУ се еден мал чекор за нив, но големо охрабрување за нас дека европскиот пат не е подвижна цел, туку нешто што е остварливо, кажа Мицковски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *