Култура Македонија Новости Топ Вести

Костадиновска-Стојчевска на отворањето на Струшки вечери на поезијата: Ехото на Миладиновци од година во година е сè погласно

„Поезијата од привилегирана дама со висок статус се претвори во срамежлива Пепелашка, која повеќе не ја повикуваат на балови и која, при таквите свечени пригоди, само ѕирка од кујната“.
И да, ќе продолжи академик Урошевиќ: „Поетот не му е должен никому ништо, освен на јазикот на кој ги создава своите дела“. Така е и така треба да биде. Секогаш и секаде, инспирирана со поезијата на годинашниот венценосец, академик Влада Урошевиќ, се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, кој од денеска до 27 август ќе се одржува во Струга.

Костадиновска Стојчевска инспирирана од годинашниот лауреат на „Златен венец“, академик Влада Урошевиќ посочи дека човештвото може да се замисли и без поезија. Како што можеме да го замислиме, во некоја иднина, и без љубов, без религија, без духовен живот, без социјална правда, без права на индивидуалност, без право на разлики. Според Урошевиќ, како што рече министерката за култура, тоа, несомнено, би било едно многу потажно, побездушно, поздодевно човештво. Затоа, додека не дојде до тоа, читајте поезија за барем да го одложиме некако тој момент“, смета таа.
– И го одложуваме, и вечерва и тука, со сета почит кон пишаниот збор, вткаен во безвременски стихови било да се тие напишани на парче хартија стуткана во џебот или во инспиративна поетска осама на некое посебно место. Едно од тие посебни места е и нашата Струга. На Мостовите на поезијата се сретнаа и Истокот и Западот. Токму тука, каде што сѐ уште боли „Т  ́га за југ“, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *