Македонија Новости Топ Вести

Ковачевски: Верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека има доволно време за да се донесат уставните измени и дека суштински е овој процес да се води низ дебата. Верува дека и во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет.

– Она што сметам дека е важно е овој процес да се води низ дискусија и опозицијата да сфати дека треба да учествува во овој процес. Важно е за партијата да биде дел од тој процес. Верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет којшто тоа може да го направи и сметам дека имаме доволно време пред нас тоа и да се случи бидејќи во спротивно алтернативата е блокада и изолација, вели Ковачевски во интервју за телевизија 21.

Посочува дека опозицијата досега не учествувала во ниту еден важен процес за државата.

Во однос на неговите очекувања за средбата меѓу лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, премиерот со став дека не коментира средби на кои не присуствува.

– Едно стана јасно на денот на поднесување на уставните измени на пленарната седница во Собранието, а тоа е дека кај нас постои европска коалиција којашто е за европска интеграција на државата, а тоа е истата коалиција која обезбеди членство на државата во НАТО и од друга страна непроменетата политика на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во однос на изолација на државата. Тоа се истите партии кои што беа против зачленувањето во НАТО и многу други процеси, истакнува Ковачевски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *