Македонија Новости Став Топ Вести

Андонов со обраќање, во име на фракцијата во ВМРО-ДПМНЕ

ОБРАЌАЊЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКАТА ФРАКЦИЈА ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА НАШАТА ПАРТИЈА

Почитувани пријатели, драги браќа и сестри сопартијци, почитувани наши пратеници.

Како внатрепартиска фракција во нашата ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме обврзани уште еднаш да Ви укажеме Вам на нашите пратеници во македонското собрание.

Имајќи ги предвид денешните случувања во Собранието на Македонија кои се исклучително историски и би рекле недвосмислено судбоносни за сите македонски граѓани, но пред се за нас МАКЕДОНЦИТЕ, АПЕЛИРАМЕ ДО ВАС:

Вие како пратеници избрани од листите на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ согласно Уставот на Македонија имате слобода во Собранието да гласате согласно личното убедување, вашите уверувања, но пред се според одговорноста кон вашите гласачи, македонските граѓани, македонскиот народ и македонската нација. Вие имате право, но уште повеќе обврска за донесените ваши одлуки, за тие одлуки ќе имате пред се одговорност пред идните генерации Македонци.

Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ ве повикува да бидете одговорни за иднината на Македонија и свесно и здраворазумски да ги антиципирате идните случувања кои ќе имаат директно негативно влијание врз Македонија и македонскиот народ како последица од не започнувањето на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Покрај влијанието на вашата лична одлука врз нашата татковина Македонија, Вие имате одговорност и врз иднината на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзината иднина, а со тоа и дополнителна одговорност кон сите нас, членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Да Ве потсетиме, иако сме убедени дека знаете дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била анти европска и анти западна партија. Никогаш не сме биле југо-носталгични и поддржувачи на СФРЈ. Ние ВМРО-ДПМНЕ бевме тие кои се бореа инизборија за самостојна независна Македонија. Ние ВМРО-ДПМНЕ треба повторно да бидеме тие кои ќе ја внесеме Македонија во ЕУ, кои ќе го дадеме европскиот импулс за Македонија во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ во својата основа не е шовинистичка партија и никогаш не сме се плашеле како партија да се соочуваме со предизвиците и да делуваме во интерес на Македонија.

Формирани како демократска про-европска и партија за македонско национално единство, Ве повикуваме да бидете самосвесни и да ги поддржите уставните измени.

Бидете убедени дека по 80 години македонска државност, македонска држава, не постои сила или политичко-идеолошка моќ која нас Македонците ќе не убеди да ја смениме припадноста кон нашиот МАКЕДОНСКИ НАРОД. Едноставно, со влегувањето на нашите сограѓани бугари во Уставот на Македонија не постои начин да бидеме бугаризирани со никаков притисок од Бугарија или ЕУ.

Одговорноста пред вас е голема и затоа не гледајте во историјата туку антиципирајте ги идните можни случувања и пред се ризици и закани врз Македонија надвор од ЕУ.

Не е решение да чекаме уште 20, 30, 50 години или пак никогаш да не влеземе во ЕУ според зборовите на Мицкоски.

Мицкоски не е пратеник и нема таква одговорност пред македонскиот народ, таа одговорност ја имате сите вие, секој од вас поединечно и лично. Вашата одговорност, етичка и морална пред македонскиот народ, но и уставна пред сите македонски граѓани пред македонската нација никогаш нема да ја преземе врз себе Мицкоски, со таа историска одговорност и последиците ќе треба да се соочите Вие.

Внатрепартиската фракција е подготвена да ве прифати сите Вас и да ве заштити од било какво малтретирање – притисоци, закани или негативни последици поради вашата самосвесна одлука да ги поддржите уставните измени. Измени кои во крајна дистанца се само технички и не го менуваат карактерот на уредувањето на Македонија како држава.

Ви препорачуваме да ги прочитате последните две колумни на Оливер Андонов за да антиципирањето на идните настани врз Македонија и значењето на уставните измени Ви бидат појасни. За што веруваме дека ќе Ви помогне во слободно и здраворазумско донесување на вашата лична одлука со историска одговорност.

БИДЕТЕ ГОРДИ ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ

ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ!

ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА!

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *