Македонија Новости Топ Вести

Османи си направи „ДУИ тим“ во ОБСЕ


Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денес е во посета на Узбекистан каде што во својство на претседавач со ОБСЕ ќе има средби со највисоките функционери на државата, претседателот, министерот за надворешни работи и претседателката на Сенатот. Според фотографиите што ги објави од првата средба се гледа дека во неговата делегација е и поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини, што Османи веќе го „згрижи“ по смената од министерската позиција – именувајќи го како специјален претставник за климатски промени во ОБСЕ. Што, пак, не беше спорно.

Што бара, сепак, Нуредини на политички средби во Узбекистан и уште повеќе на разговори за родовите права во оваа држава, е дилема што нема објаснување во неговата актуелна функција и која покажува дека, како и Артан Груби, и Бујар Османи своите функции ги претвора во ДУИ дуќанчиња.

Имено, покрај 500 дипломати во МНР, од кои половината не знаат и немаат што да работат, Османи го ангажира Нуредини во дипломатска мисија во Узбекистан. Со оглед на тоа дека буџетот на Османи му го обезбеди Македонија, која му даде неколку милиони евра за ова претседавање, испаѓа дека Нуредини е во Узбекистан на трошок на нашата држава, а не на ОБСЕ.

Да е само Нуредини нема да биде проблем, но оваа практика на згрижување на свои и нивно форсирање на позициите на сметка на Македонија стана епидемија која може да се види со голо око во министерствата раководени од ДУИ, а сега и од Алијансата за Албанците, како и во нашите дипломатски преставништва, при што без мерка се делат не само позиции туку и привилегии.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *