Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ од централниот буџет ќе инвестира по 1 милион евра годишно за реализација на капитални инвестиции во Демир Хисар

Задоволство е секогаш да се биде дел од нешто што се гради. Градоначалникот на Демир Хисар кажа што се е направено, што се прави и што се ќе се направи, и навистина сакам да му честитам и нему и на советниците и на сите оние кои што се борат за нешто да биде направено, затоа што за жал повеќе од три децении се бориме со луѓе кои што гледаат што повеќе да однесат, наместо да направат, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета на општина Демир Хисар.

Доколку имате слаб слух или зуење во ушите, не оставајте ништо на случајноста туку делувајте превентивно. Експертите препорачуваат да се пие два пати на ден

-Убеден сум дека оваа генерација на политичари во Македонија, градоначалниците, советниците и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го разбие оној стереотип и би рекол она фраза дека сите се исти, бидејќи не се сите исти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата градат, а за жал оваа коалиција која што уште неколку месеци ќе биде влада во Македонија, тука пред се мислам на владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, континуирано кради и тоа е нешто што денеска претставува суштински и основен проблем во Македонија.

Спомена градоначалникот дека очекуваат поголема поддршка од идната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека она кое што од вчера почнав да го најавувам во Прилеп како директна алокација на средства од централниот буџет за реализирање на капитални проекти во општините во Македонија, ќе биде секако и за Демир Хисар. Тука се предвидени најмалку милион евра годишно за реализација на капитални инвестиции кои што се основна потреба за граѓаните на Демир Хисар. Што значи за еден мандат повеќе од 4 милиони евра и тоа е надвор од буџетот на самата општина, а тоа се пари кои ќе бидат директно инвестирани за нови улици, за водоводна мрежа, за канализациона мрежа, рехабилитација на улици, игралишта итн. Нешто што е суштински потребно за граѓаните насекаде во Македонија, тоа се директни средства кои ќе бидат реалоцирани од буџетот и кои што ќе бидат инвестирани овде во Демир Хисар.

Ценам дека на тој начин можеме да го подобри квалитетот на живот на граѓаните и ценам дека во една ваква преубава општина каква што е Демир Хисар повторно ќе го вратиме животот, бидејќи како и секаде во Македонија мислам дека овде драматично е изразено она што претставува секаде проблем, а тоа е иселување на луѓето, односно на нашите сограѓани.

Уште еднаш сакам да честитам и да ги охрабрам и градоначалникот, советниците и сите да работата како едно, бидејќи свесен сум за сите проблеми кои што ги прави централната влада, свесен сум дека се на маргините на интересот од централната влада бидејќи граѓаните на Демир Хисар гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и ќе гласаат на следните парламентарни избори за идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Но, овие неколку месеци колку што ќе остане оваа криминална влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ е потребно да ги издржиме сите заедно како едно, да се избориме и да дојдеме до она што е многу важно, да ја ослободиме пред се Македонија, да го ослободиме Демир Хисар од оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, а потоа храбро, чесно и одговорно да влеземе во еден инвестициски циклус кој што ќе значи подобар живот за нашите сограѓани, додава Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *