Македонија Новости Топ Вести

Данела формира партија, ВМРО бара избори, ДУИ расчистува со „Огнените“ – „Огнените“ се надеваат на Касами и Таравари

Не само високи температури, туку и жешко политичко лето во Македонија.

Најавите се дека ќе се појави и нова политичка партија.

Прашањето со “Огнените” за едни затворено, за други кулминацијата допрва доаѓа.

Според информациите на ТВ21, она што досега било само како идеја, наскоро може да се преточи во реалност.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да формира своја политичка партија.

Како што дознаваме, оваа идеја постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа ужива голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.

Но, дали Арсовска со евентуално формирање на нова партија ќе им „украде“ гласови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на следните избори?

Од друга страна пак, токму избори се она што опозициската ВМРО-ДПМНЕ подолго време го бара во јавноста.

Иако од СДСМ велат дека избори ќе има во 2024 година, сепак според лидерот Христијан Мицкоски единствена работа која во моментов е на маса е токму терминот за парламентарни избори.

Во ДУИ пак се случи фракција и се појави „Огнената група“.

Во моментов, додека Блерим Беџети мирува, предводникот Изет Меџити продолжува сам и се надева на соработка со Беса на Биљал Касами и евентуално со Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Со сите структури разговараме дека се отворени сите опции за формирање на ново движење“, изјави Меџити за ТВ21.

Бујар Османи пак истакна дека прашањето со т.н. „Огнена група“ е затворено.

„ДУИ имаше процес на пререгистрирање на членството, имаме масовно регистрирање, запишување на членството. Тие што се запишале тие се членови на ДУИ, кој не се запишал може да зборува за ДУИ од страна, од надвор“, истакна Османи.

Инаку, најновата анкета на ИРИ покажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ задржува стабилна предност во однос на СДСМ, исто како и ДУИ во однос на другите албански конкуренти.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *