Стојкова Серафимовска: Ни треба национално обединување против криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ постојано подава рака, но Ковачевски одбива
Нам ни треба национално обединување дефинитивно за што ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повикува во однос на националните црвени линии, образованието, во однос на се како и борбата против криминалот и корупцијата, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска за „Анализа“, на ТВ 24 и посочи дека на системот му треба рестарт како и кога ВМРО-ДПМНЕ нуди помош, Ковачевски одбива.
– Во борбата против корупција треба да го прифатиме принципот на меритократија, бидејќи вредносниот систем е разнишан и она што го следиме изминативе денови како од Антикорупциска, е дека практично многу од многу од вработените во овие институции велат дека се под одредени притисоци, посочи таа.
Стојкова Серафимовска посочи дека имаме закони, имаме институции, но најмногу зависи од раководството и би го посочила раководниот кадар и колку таму има меритократски систем.
– Ни треба рестартирање на системот, на целата држава ако сакаме да си ја средиме државата. Да видиме што е згрешено, каде е згрешено, да се прочистат сите институции затоа што во секоја институција има и такви кои работат, но ни треба и прочистување. Доста се притисоци, доста е непотизам, доста се вработувања по фамилијарна, партиска основа, ни треба меритократија, кој за што го бива народски кажано, изјави пратеничката.
Стојкова Серафимовска нагласи дека во Македонија стратегиите не се имплементираат, нема здрава институција кој да ги имплементира, а ако институција се огласи дека власта е корумпирана, одма е нападната дека не чини.
– Американската амбасадорка излезе и кажа колку пари дале за судството, холандскиот амбасадор исто така излезе и кажа дека помагале, австрискиот амбасадор кажа, но каде е та помош и зошто сме на ова дереџе? Значи може кој сака да дојде, но од внатре ако не решиме дека ќе градиме држава, ќе бидеме одговорни, ќе мислиме на иднината на нашите деца. Откако излегоа амбасадори, откако излезе Црната листа, антикорупционерите излегоа, а Артан Груби другиот ден ја нападна институцијата. Значи ако некоја институција каже дека некој од владата има проблем со корупција, тој не чини, рече Стојкова Серафимовска.