Македонија Новости Топ Вести

Еди Рама во официјална посета на Македонија

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, а домаќин ќе му биде премиерот Димитар Ковачевски.

Според најавите од владината прес-служба, Ковачевски ќе го пречека Рама со највисоки државни почести на платото пред Владата. За време на престојот во Скопје се очекува Рама да има средби и со други политички чинители.

По разговорите во Скопје, Рама заминува за Приштина каде што ќе има средба само со претседателката на Косово Вјоса Османи, откако премиерот Албин Курти одби средба со него.
Во рамките на мини турнејата низ регионот Рама ќе го посети и Сараево каде што ќе има средба со претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Балканската турнеја албанскиот премиер ќе ја заокружи со посети на Подгорица и Белград и средби со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *