Македонија Новости Свет Топ Вести

Македонија ќе користи европски фонд за дигитализација на општеството

Седум и пол милијарди евра од фондот Дигитална Европа се достапни за Македонија, откако земјава ги исполни условите да стане корисник на европските средства насочени за потреби на државата во областите вештачка интелигенција, супер компјутерите, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и напредни технологии.

Заедно со Македонијаво во програмата Дигитална Европа влегле и Србија и Црна Гора со кои како што најави Алиу се планира со помош на европските пари отворање на студиска програма во делот на вештачката интелигенција, а ќе се работи и на заедничка програма за интероперабилност, односно поврзување и размена на податоци меѓу институциите во регионот.

Азири е оптимист дека во институциите, бизнис секторот и науката во земјава има доволно капацитет за изработка и аплицирање и спроведување на проектите.

Раборните групи како што информираше Алиу треба за еден месец да изработата предлог-патоказ за дигитална трансформација на државата. Она што како прво ќе биде искористено од оваа програма за дигитализација на општеството ќе биде во делокругот на министерството за култура, поточно визуелизација на артефакти, како еден од најлесните проекти кој може брзо да се аплицира.

Плановите на МИОА се со оваа европска програма, за која земјава платила котизација од 200.000 евра, е да се дигитализира и сертифицира целата администрација за сајбер безбедност, да се создадат повеќе мултимедијални содржини за помош во образовниот систем, како и дигитализација на малите и средни претпријатија во земјава за да бидат компатибилни со европските стандарди.

Алиу информира дека, според примерот на другите држави, дигитализација на државата и општеството води кон намалување на корупцијата и пораст на економија за 10 проценти.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *