Тридневната прослава започнува со утринската молитва, Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Празник на радоста, хуманоста, милосрдието. Верниците утрово се собраа во џамиите на еден од најголемите муслимански празници, Курбан бајрам.
Тридневната прослава започнува со утринската молитва, Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Верниците за овој празник традиционално одат на гости кај повозрасни соседи и во знак на ширењето љубов и хуманост го слават овој празник..
Карактеристично за Курбан Бајрам е принесувањето на жртва – курбан.
Дел од граѓаните велат дека трпезата годинава ќе им биде поскромна, поради кризата. Останатите пак и покрај малиот семеен буџет, нема да штадат и празник ќе го одбележат според сите адети.
„Курбанскиот Барјам има една глобална симболика – да луѓето ја покажат својата хуманост и дарежливост, својата љубов кон човештвото. Таа симболика, верникот би требало да го одржи во живот него и неговата душа, се до идниот Бајрам. изјава, Муарем Исмаили – оџа .
Курбан Бајрам ги сплотува семејствата и им дава духовна сила на сиромашните. Овој празник трае три дена и Бајрам се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на Исламот.