Фирмите за брзи кредити, кои профитираат од сиромаштијата на граѓаните, станаа “бонбона’бизнис” за семејствата на партиските елити.
Вкупната проценка на овој бизнис е околу 150 милиони евра, а има регистрирано вкупно 23 небанкарски друштва за брзи кредити, од кои дел се во директна ПОВРЗАНОСТ со политичари и фунционери.
Имено, еден од сопствениците на вакво финансиско друштво е Убавка ЗАЕВА, мајка на Трајче Заев, кој има сопствен бизнис со канабис. Бизнис династијата на Заеви очигледно станува “воен ПРОФИТЕР”, кој освен од енергетската криза, сега профитира и од сиромаштијата на народот, која дополнително се влоши при владеењето на Заев.
Понатака, синот на Љубчо Георгиевски и коалиционен партнер на СДС – Лав ГЕОРГИЕВСКИ, има основано компанија за брзи кредити со седиште во Скопје.
Александар ВЕРУШЕВСКИ, син на разузнавачот Зоран Верушевски, во 2022 година има основано друштво за брзи кредити во Струга.Потсетуваме дека во 2007 година, тогашниот претседател Бранко Црвенковски го помилува Верушевски од затворска казна.
Како најпрофитабилна компанија се јавува фирмата на Марјан и Емил Стојменови, синови на поранешниот пратеник во Владата на Груевски – Борис СТОЈМЕНОВ. Нивната компанија за брзи кредити минатата година прокнижила фантастични 1.5 милиони евра ПРОФИТ!
Јасно е дека корумпираната спрега СДС-ДПМНЕ-ДУИ политиката единствено ја користи за брзо богатење на нивните функционери, преку сомнителни бизниси и корумпирано владеење. Затоа, оние кои се изворот на КОРУПЦИЈАТА не можат да бидат решение за длабоко вкоренетиот коруптивен систем.
Левица, како единствена работничка партија, која е ослободена од стегите на олигархијата, се залага за целосно УКИНУВАЊЕ на ваков тип финансиски друштва поради лихварските камати и предизвикување должничко ропство на граѓаните.