Во Струга почнува Преспа форум за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (Не)возможна мисија?”
Струга денеска е домаќин на третото издание на Преспа форумот за дијалог, што се совпаѓа со петгодишнинатата од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оттаму рече дека рокот кој му е даден на ВМРО-ДПМНЕ да размисли дали ќе гласа за уставни измени, односно за договор помеѓу власта и опозицијата за предлозите од последната лидерска средба, е до почетокот на првото гласање во Собранието за отворање на Уставот.